Евангелие според Матеј
1 video
Updated 8 months ago
Иако евангелието не го именува Матеј како автор, сите рани ракописи го припишуваат авторство на Матеј, еден од дванаесетте ученици наведени во Новиот Завет. Неговото авторство е потврдено од универзалното седоштво на древната Црква.
Евангелието според Матеј можеби е напишано уште во 50 година од н.е., но поверојатно е дека е напишано по падот на Ерусалим во 70 година од н.е. Веројатно е пишувано во период од неколку години додека Матеј живеел во Антиохија, каде што црквата била силна, мешана заедница од еврејски и нееврејски христијани. Свети Игнатиј, епископ Антиохиски (67-107 година од н.е.), е еден од најраните сведоци за постоењето на ова евангелие.
Евангелието според Матеј ја пренесува радосната вест за Господ Исус, ветениот Спасител, во Кого Бог го исполни она што го беше ветил уште во старозаветно време. Оваа радосна вест не е само за Јудејците, меѓу кои Исус се родил и дејствувал, туку и за сите народи од целиот свет.
Евангелието според Матеј е внимателно составено. Тоа почнува со Исусовото родословие. Потоа го опишува Неговото раѓање, крштевање и искушение, и понатаму Неговите проповеди и исцелувања во галилејската област. Во продолжение опишани се дејствијата во Ерусалим, особено оние што се одиграле во текот на последната седмица пред Христовото распнување и воскресение.
Ова Евангелие Го прикажува Господ Исус како голем Учител, Кој преку Својот живот го толкува Божјиот закон и посведочува за Божјото Царство.
Неговите поуки опфатени со ова Евангелие может да се поделат на 5 теми:
(а) Проповедта на гората (глава 5 – 7), која ги содржи смислата и целта на човечкото постоење, правата, должностите и карактеристиките на жителите на Божјото Царство;
(б) Упатства до 12 те апостоли (глава 10) и задолженија за нивната мисија;
(в) Споредби (параболи) за Божјото Царство (глава 13);
(г) Поуки за следбениците (глава 18);
(д) Поуки за последниот суд и за Небесното Царство (глава 24 – 25)
-
Свето Писмо | Новиот Завет | Евангелие според Матеј
Православна Македонска Заедница📖 Добредојдовте, драги браќа и сестри во Христа! Со радост ја започнуваме оваа нова духовна серија: Евангелието според Матеј, првата книга од Новиот Завет. Преку читање и молитвено размислување, ќе се запознаеме подлабоко со животот и учењето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. ✝️ Зошто да ја следите оваа серија? - Духовно богато читање од православна перспектива - Засновано на традицијата на МПЦ – ОА, Епархија Струмичка - Совршено за секој што сака да го продлабочи своето разбирање на Светото Писмо - Без теолошки додатоци, само Божјо Слово 💒 Поддржете ја нашата православна мисија: 🌐 https://pmz.mk 🌐 https://familyclub.locals.com 📖 Оваа серија е дел од нашата православна мисија – да Го запознаеме Христос преку Неговото Слово и да растеме заедно во вера, љубов и надеж. 🙏 Ви благодариме што сте дел од ова духовно патување. Споделете, следете и вклучете се со вашите мисли, прашања и молитви. 🔖Хаштази: #GOSPOD #Bog #Isus #SvetiDuh #YHWH #Yeshua #Pravoslavni #Pravoslavie #PravoslavenHristijanin #IsusHristos #IsusTeSaka #IsusSpasuva #Biblija #Molitev #Hristijanstvo #Hristijanin #Hristos #ChristianTikTok #FYP #ZaTebe #Ljubez #Poklonenie #Vistina #Raj #Blagoslov #Motivacija #ObedinetiHristijani #UOC #Denes #СветоПисмо #ЕвангелиеСпоредМатеј #НовиотЗавет #ХристовоУчение #ПроповедНаГората #Параболи #БожјоЦарство #ПравославнаВера #ЧитањеНаБиблијата #МакедонскаЦрква #ПравославнаМисија #ДуховноПатување #ХристијанскиЖивот92 views