Premium Only Content
Заедничко и одговорно родителство и по развод Собрание на РМ Говорник Драги Змијанац
Заедничко и одговорно родителство и по развод Собрание на РМ Говорник Драги Змијанац
Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, истакна дека потребата за воведување на заедничко родителство и по разводот треба да е насочена кон она што е најважно – најдобриот интерес на детето.
„Детето никогаш не треба да се стави во ситуација да избира меѓу двајцата родители. Од особена важност за детето се поддршката и љубовта од двајцата родители. Тоа не треба да се отуѓува од родителот. Разводот треба да биде престанок на бракот, а не престанок на родителството. За детето е важно да знае дека двајцата родители донеле одлука за развод и дека тоа не е виновно за таа ситуација. Со оглед на тоа што оваа состојба носи доста прашања за детето, на децата треба на прифатлив начин за нивната возраст и зрелост да им се претстави ситуацијата, нивните потреби да се стават во преден план и секогаш да се посветува внимание на емоциите на децата. Согласноста за заедничко вршење на родителското право, со која родителите на детето се согласуваат дека родителските права и обврски ќе ги извршуваат заеднички и со меѓусебно договарање, меѓу другото, подразбира и утврдување на живеалиштето на детето затоа што во психолошка смисла за детето е особено важно да знае каде му е домот. Овој модел подразбира и зајакнување на квалитетната комуникација меѓу родителите, со цел да се намали и да се спречи трауматичното чувство кај децата поради разделбата на двајцата родители“, истакна Змијанац.
Надлежниот суд и стручниот тим на центрите за социјална работа, подвлече Змијанац, при оцената за доверување на детето на чување и воспитување, треба да тргнуваат од позицијата дека двајцата родители треба заедно и непосредно да го вршат родителското право, односно стартната позиција за можност за заедничко старателство да биде рамноправна и еднаква.
„Детската амбасада ‘Меѓаши’ се залага да се даде ваква можност кога ќе оценат центрите за социјална работа дека двајцата родители може да преземат еднаков дел од обврските во подигнувањето и воспитувањето на детето и негов правилен раст и развој. На овој начин, двајцата родители ќе имаат исти права и обврски кон детето во неговиот раст и развој, како и при донесување на одлуки за детето, односно ќе практикуваат одговорно и квалитетно родителство и по разводот. Доколку при ваква стартна позиција стручните тимови на центрите за социјална работа, во согласност со однапред утврдени критериуми, утврдат дека двајцата родители можат да му понудат на детето квалитетно родителство, тогаш заедничкото старателство треба да биде појдовна основа. Но даденото заедничко старателство во иднина треба да биде предмет на континуиран мониторинг и надзор од страна на стручните служби и преиспитување, односно следење на двајцата родители во остварувањето на нивните родителски права и обврски. Доколку при овој мониторинг се утврди дека еден од родителите не го врши квалитетно родителското право и доколку тоа не е во најдобар интерес на детето, центарот го задржува правото да предложи старателството да биде доделено на другиот родител, а првиот да одржува лични односи и непосредни контакти со детето, земајќи ги предвид интересите на децата“, образложи Змијанац.
-
34:49
Stephen Gardner
2 hours ago🔥Trump DROPS Secret Plan – Democrats Left SPEECHLESS!
2.34K21 -
1:10:42
vivafrei
2 hours agoThomas Crooks Exposé is a BOMBSHELL! Epstein Drama Continues! Alexis Wilkins Streisand Effect & More
95.5K47 -
1:41:04
The Quartering
3 hours agoEpstein Files Takes Its First Scalp, MTG Unleashes, Kash Patel Blasted, Internet Outage & More
104K74 -
LIVE
Dr Disrespect
7 hours ago🔴LIVE - DR DISRESPECT - ARC RAIDERS - NO MERCY TO MAX LEVEL
1,554 watching -
24:53
Jasmin Laine
1 hour ago“NO ONE BELIEVES YOU”—Carney Gets HUMILIATED in BRUTAL Showdown
548 -
LIVE
LFA TV
19 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | TUESDAY 11/18/25
1,389 watching -
LIVE
freecastle
6 hours agoTAKE UP YOUR CROSS- The fear of the LORD begins knowledge; Fools despise WISDOM and INSTRUCTION.
76 watching -
5:16
Buddy Brown
4 hours ago $1.19 earnedWatch INSANE Video of Woman Denied a TINY HOME on 37 Acres! | Buddy Brown
4.14K6 -
59:19
Professor Nez
3 hours ago🔥 Trump TORCHES ABC Reporter for Disrespecting Saudi Crown Prince Mohammed bin Salman! (WOW!)
19.1K18 -
7:51
Dr. Nick Zyrowski
7 hours agoHow To Starve Fat Cells - Not Yourself!
19.6K4