Premium Only Content
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО НА ДЕМОКРАТСКО УЧЕСТВО И ВКЛУЧЕНОСТ
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО НА ДЕМОКРАТСКО УЧЕСТВО И ВКЛУЧЕНОСТ
По повод 25-годишнината од оформувањето на институцијата Народен правобранител, Делегацијата на ЕУ во соработка со Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, како и Канцеларијата на Народниот правобранител одржаа Конференција за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост.
Во рамки на конференцијата свое обраќање имаа амбасадорот Дејвид Гир, Народниот правобранител Насер Зибери, раководителката на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител Васка Бајарамовска-Мустафа, директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“ Сузана Киранџиска, додека модератори на истата беа Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши и Петар Павловски – средношколец во СУГС Здравко Цветковски и волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Свое обраќање имаше и Драги Змијанац, претседател на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ кој се задржа на важноста локалните самоуправи да ги зајакнат своите заложби за унапредување на правата на децата и нивно учество во локалното планирање. Освен што недостига национален стратешки документ за унапредување и заштита на правата на децата, таков недостиг има и на локално ниво, односно ниту една општина нема локален акциски план за правата на децата.
Димитар Георгиев, ученик од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје ја сподели перспективата на децата и младите за важноста на нивното вклучување во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје, се осврна на аспектите и начините како можеме да создадеме овозможувачка средина за целосно уживање на правата на детето.
Покрај присутните градоначалници и претставници на локалните самоуправи како и директори и други претставници на партнерски училишта, на конференцијата учествуваа и ученици од повеќе училишта во Македонија.
Настанот се одржи на 5 јуни 2023 година, во хотел ,,Александар Палас" со почеток во 10 часот.
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот „Место за растење: општини посветени на децата“ е 30 месечен проект спроведуван од Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Центарот за семејно и детско згрижување - КМOП Скопје, почнувајќи од февруари 2023 година до јули 2025 година. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на локалните шеми за поддршка на граѓанското општество на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (2021 EIDHR Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes in North Macedonia). Општата цел на проектот е да се зајакнат заложбите на локалните власти за унапредување на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање, во пет општини во Македонија: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.
-
LIVE
Chad Prather
12 hours agoWhen the Spirit Collides with the Spotlight
4,139 watching -
LIVE
LFA TV
11 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | TUESDAY 10/28/25
4,183 watching -
LIVE
The Chris Salcedo Show
14 hours agoDemocrats Rally Behind Communist Totalitarianism
602 watching -
56:00
Julie Green Ministries
2 hours agoTHE REAL REASON PRESIDENT TRUMP NEVER CONCEDED THE 2020 ELECTION
28K96 -
Game On!
17 hours ago $2.77 earned2025 Sports Equinox Did NOT Disappoint!
8.45K1 -
7:02
Adam Does Movies
18 hours ago $4.79 earnedIT: Welcome To Derry Episode 1 - Review
24.7K2 -
9:05
Millionaire Mentor
15 hours agoTrump EXPOSES Obama and Biden LIVE As Jim Jordan Backs Him Up
13.1K7 -
1:34
WildCreatures
1 day ago $4.17 earnedMajestic Spotted Eagle Rays Fly Past Scuba Diver in the Galapagos Islands
10.8K6 -
BEK TV
23 hours agoTrent Loos in the Morning - 10/28/2025
13.5K1 -
32:13
Stephen Gardner
14 hours ago🔥Schumer SHUTDOWN Backfires as Trump CRUSHES Democrats!!
56.8K25