Premium Only Content

Диме Поповски - Очи | Dime Popovski - Oci | Ацо Шопов | Aco Šopov | Вера Јоциќ | Vera Jocić | Македонски Песни | Macedonian Songs
Ацо Шопов - Песната “Очи”, посветена на Вера Јоциќ.
Три дена на раци те носевме збрана,
три дена – со тага на погледот срчен,
и секоа капка од твоата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.
Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со туп бол се впиа в твојте очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.
Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко солнце
и никога нема да стијнат и згаснат.
Последната вечер, в планинското село,
кај небото беше – не небо, а море,
трепереше грозно ко моминско тело
раздробено, модро и распнато горе,
а борците беа во дрипава дреа,
со пликови жешки на стапалки тешки,
и смрштени чела – згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена река
се точеше шепот од уво до уво:
“Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку – сал неколку души…”
И кога ко игла ти прободе уши –
Ти растресе снага и размолска тага,
и с луњени очи – широки и волни
ги расече в ноќта здивените молњи! –
Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш! –
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост нашта прва радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и литна во ноќта крвава и црна,
со твојте очи што ригаа пламен
ко восок ги стопи челичните зрна…
И после! И после – в последната вечер…
Јас нејќам да мислам што потаму стана!
Сал помнам те изви крвавата рана,
прошталниот шепот ти замрзна в усти,
но гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.
А утрента кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов – кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила –
ко елени брзи и леки ко птица.
А твоите очи се искреа гневно
на нивните потни, распалени лица…
Три дена на раци те носевме збрана,
Три дена – со тага на погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.
Вера Јоциќ во очите на Ацо Шопов
Секогаш кога се сеќавам на Вера Јоциќ во мојата свест минува ликот на прославената Трета македонска ударна бригада со која оваа црнокоса ученичка од Скопје го слеа својот животен пат, предвреме прекинат под Осоговскиот врв Лисец во еден миг што е достатно голем за да трае со нашето траење и да биде светла вишина по нерамите врвици на нашата историја. Верувам дека сите барем еднаш сте поминале покрај нејзиниот паметник на десниот брег на Вардар пред градскиот парк. Од каменот во вас гледаат очи со цврст пробивен поглед, а над челото, како од ветар понесена, се разлева долга, густо испреплетена коса. Тука ќе ги насетите сите искушенија, сите занеси и подвизи на бригадата чиј борец беше Вера Јоциќ, тука се и Козјак-планина и Осогово и Плачковица, една земја изрована од несон и себенаоѓање. И мислејќи на Вера Јоциќ, јас мислам на оние луге што јуришаа кај Дренак, кај Црноок и Црна Трава, што ги разбиваа обрачите на бугарските окупаторски единици по стрммнините на Козјак и на Беласица, низ кочанско поле и струмичкo.
Оливера Верa Јоциќ (Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 - Саса, Македонска Каменица, 22 мај 1944) — партизанка, македонски првоборец. Како гимназијалка станала членка на СКОЈ, во 1941 година.
Учество во НОБ
По Апpилската војна со своите сестри заминала за Валево, каде се приклучила во Јастребачкиот партизански одред и била примена во КПЈ во октомври 1941 година. По нелегалната партиска дејност во Ниш, во зиматa 1942 година, ги продолжила партизанските дејствија во Јастребачкиот, па во Врањскиот партизански одред. Таа се разболела поради изложеноста на многу ниски темпаратури, а и нејзините нозе премрзнале. Најпрво била лечена низ околните села, по што е решено да се пренесе во Ниш на лекување. Таму се вработиила во фабриката за тутун, каде продолжила да агитира и да ја врши својата револуционерна дејност. Во знак на благодарност, подоцна во дворот на истата фабрика е поставена нејзина биста.
Од крајот на 1943 година била заменик-политички комесар на Tрeтиот кумановски партизански одред и на кумановските баталјони „Орце Николов“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“, а од 24 февруари 1944 година и на Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада.
Учествувала во Пpолетната офанзива која се одвивала во мај и јуни 1944 година,при што единиците од кумановско изведувале пробив кон Беласица и Егејска Македонија. Задачата да се пробие обрачот од бугарски војски, се паднала на баталјонот во кој била член Вера Јоциќ. Во тие борби, кај селото Страцин, Кумановско на 20 мај 1944 година, таа го извела првиот јуриш кон бугарските сили, по што била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско. За народен херој била прогласена на 20 декември 1951 година.
-
4:04
mkd cut
1 month agoАлександар Сариевски - Ајде жалај ме Малино | Aleksandar Sarievski - Ajde zalaj me Malino | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија
271 -
8:19
MattMorseTV
13 hours ago $5.55 earnedSchumer’s SECRET PLAN just got LEAKED.
7.08K36 -
2:50:34
Side Scrollers Podcast
17 hours agoTony Blair SHILLS For Digital ID + UK BLOCKS 4Chan + Hasan DogGate ESCALATES + More | Side Scrollers
62.2K12 -
2:00:45
The Michelle Moore Show
18 hours ago'President Trump on Heaven, Vaccines, and Pam Bondi' Guest, Lt. Mark Taylor: The Michelle Moore Show (Oct 13, 2025)
18.4K96 -
8:13
GritsGG
13 hours agoMy Thoughts on BF6 & Warzone! Rank 1 Player Discusses!
4.88K -
LIVE
Lofi Girl
2 years agoSynthwave Radio 🌌 - beats to chill/game to
158 watching -
1:47:20
Badlands Media
15 hours agoBaseless Conspiracies Ep. 154: The Death of Kurt Cobain – Murder, Media, and the Cover-Up
43.2K40 -
2:04:08
Inverted World Live
9 hours agoRex Jones Calls In From The Gray Area | Ep. 122
45K6 -
5:56:17
Rallied
11 hours ago $7.48 earnedBF6 with THE BOYS
46K5 -
1:05:18
Flyover Conservatives
1 day agoThe SEAL-Turned-CEO Paying Off Millions in Veteran Medical Debt: JOIN THE MISSION! - Bear Handlon, Born Primitive | FOC Show
60.3K8