Premium Only Content
 
			Како против тенденцијата на пораст на врсничкото насилство?
Како против тенденцијата на пораст на врсничкото насилство?
Енџи Николоска 21.05.2024 60
Алармот во општеството повторно се вклучи по трите пријавени случаи последниве денови во три различни градови во Макеоднија. Почит, љубов, поддршка, разбирање и комуникација е клучот за намалување на случаите на меѓуврсничко насилство.
Според регистрираните случаи, неизбежно е дека живееме во општество во кое владее култура на насилство. Меѓуврсничкото насилство, во последниов период зема замав. Каде подвалува општетсвото што меѓуврсничкото насилство се случува се' почесто. Иако има бројни кампањи, совети и разговори со родителите, наставниот кадар како и надлежните институции, што е она што ги поттикнува децата-сторители на меѓуврсничко насилство? Што е она што ги поттикнува за вербален или физички напад, а истовремено да создадат страв кај детето-жртва?
Градењето на безбедна средината зависи од сите чинители, училиште-родители-деца. Од првата детска амбасада во светот, потенцираат дека вклучувањето на родителите во градењето на превенцијата откако ќе се случи насилството, тоа претставува преземање на дополнителни мерки за да се надминат последиците кои настанале.
„Меѓуврсничкото насилство подразбира, комплексна појава, каде што влијаат различни фактори за да се развие такво негативно однесување кај самите деца. Ние го тангираме како некое искуствено учење што децата го имаат стекнато како модел, кој начесто е од непосредна средина, односно од семејството или некој вид на социјален притисок кој го чувствуваат од своите врсници за да можат да бидат дел од таа средина, а овој модел некако се наметнува кај децата.“ - вели Дамјан Николовски-проектен асистент во детската амбасада Меѓаши.
Имало и случаи во кои родителите се јавувале на СОС-линијата и самите бараат помош без разлика дали станува збор за родителите на дете-жртва или дете-сторител.
„Фокусот ни е во превенција и спречување да се развие насилството во самата училишна средина, преку градење на една безбедна средина. Гледаме сите чинители, односно самото училиште, родителите и децата да ги насочиме кон градење на една база на вредности, кон која ќе може сите да постапуваат и да ги градат своите односи и комуникација врз основа на таа база.“ - вели Николовски.
Проценката на учениците е дека секогаш се случува некоја непријатна ситуација или напад меѓу нив, но само дел од нив имале храброст да го пријават истото. Јоана Димеска која е ученичка со скопската гимназија Раде Јовчевски-Корчагин, вели дека никогаш не била дел од таква непрјатна ситуација, но според она што се случува вели дека нашето општетсво не е безбедна средина.
„Булингот постои. Јас не сум била сведок на такво случување, но булингот е сеприсутен во нашето општество, особено кај нас помладите, во основно и средно училиште. Причината е недоволна љубов и разбирање помеѓу нас децата и младите. Треба да работиме за едно поубаво и похармонично општество и мислам дека тоа би ги решило проблемите, со повеќе разбирање и комуникација.“ - вели Јоана Димеска-ученичка во СУГС Раде Јовчевски-Корчагин.
Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, минатата година, биле регистрирани 102 настани на насилно однесување, од кои 40 се регистрирани во Скопје. Против нарушителите, од МВР поднеле десет кривични пријави за кривични дела „насилство“, „насилство врз дете“, „малтретирање во вршење служба“, „тешка телесна повреда“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, а поднесени се и пет известувања до Основното јавно обвинителство. Против 102 лица поднесени се 60 барања за поведување прекршочна постапка за сторени прекршоци.
- 	
				  Playback Request Live1 hour agoPRL LIVE @ DREAMHACK!!721
- 	
				 LIVE LIVEDr Disrespect4 hours ago🔴LIVE - DR DISRESPECT - ARC RAIDERS - DANGEROUS ADVENTURES (LEVEL 12)1,554 watching
- 	
				 14:15 14:15Tactical Advisor5 days agoEverything You Need To Know About PSA Mixtape Vol 1. (FIRST LOOK)101
- 	
				 LIVE LIVEJeff Ahern39 minutes agoFriday Freak out with Jeff Ahern48 watching
- 	
				 14:54 14:54The Kevin Trudeau Show Limitless2 days agoThe Hidden Force Running Your Life53.6K8
- 	
				 1:03:55 1:03:55Sean Unpaved2 hours agoRavens' Resurrection Night: Lamar Buries Miami, NFL/CFB Spooky HC Shifts, & Kalshi's Week 9/10 Odds!17.7K
- 	
				 2:16:48 2:16:48Film Threat1 day agoHALLOWEEN HORROR + BACK TO THE FUTURE RERELEASE + MORE REVIEWS | Film Threat Livecast7.99K
- 	
				 1:21:16 1:21:16Steven Crowder5 hours ago10th Annual Halloween Spooktacular: Reacting to the 69 Gayest Horror Movies of All Time258K150
- 	
				 57:39 57:39The Rubin Report4 hours agoKamala Gets Visibly Angry as Her Disaster Interview Ends Her 2028 Election Chances39.5K56
- 	
				 LIVE LIVELFA TV18 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | FRIDAY 10/31/251,847 watching