Premium Only Content
Денеска е Меѓународниот ден на исчезнатите деца – во Европа годишно исчезнуваат 300 илјади деца.
Денеска е Меѓународниот ден на исчезнатите деца – во Европа годишно исчезнуваат 300 илјади деца.
Секоја година, почнувајќи од 1983. па до денес, 25 мај се одбележува во знак на сеќавање на децата кои што се исчезнати, децата коишто се повторно вратени кај своите семејства, како и со цел да се помогне во подигнувањето на свеста за овој глобален проблем.
Исчезнувањето и киднапирањето деца прерасна во секојдневен проблем со кој се соочуваат сите земји и на кој треба да му се посвети особено внимание од страна на претставниците на законот и владите ширум светот.
За жал како и многу земји во светот така и Македонија овој проблем не го смета за приоритет и согласно тоа нема развиено соодветни механизми за пронаоѓање на исчезнатите деца за кои постои висок ризик да бидат искористени за проституција, трговија со органи, питање и други најтешки форми на злоупотреба на деца.
Секоја земја треба да имплементира соодветни политики и закони за да ги заштити децата и нивното право да растат во безбедна животна средина. Еден таков систем е Амбер Алерт. Пред неколку месеци се обративме до МВР со прашањето дали во државата се спроведени сите формално правни процедури за воведување Амбер Алерт, за веродостојноста на информациите кои се појавија во медиумите дека системот е воспоставен... и во јануари 2024 добивме писмен допис во кој е наведено дека ,,Министерството не располага со релевантни податоци и информации по однос на истото" што значи дека ние како држава немаме се' уште Амбер Алерт. Затоа апелираме до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme за што побрзо воспоставување на истиот, како еден од механизмите за поефикасна заштита на децата.
Од друга страна пак, подеднакво важно е децата да се научат како да се заштитат себе си, како и да се информираат за ризиците и опасностите со кои што може да се соочат. За да се оствари сето тоа, родителите и возрасните треба да одвојат време и да се посветат на едуцирање на децата за опасностите што демнат, како и за начините на кои можат да си помогнат себе си во таквите ситуации.
Друго, на официјалната веб страна на Министерството за внатрешни работи има објавено фотографии од исчезнатите деца и возрасни. Сметаме дека треба да се одвојат малолетните лица од возрасните за да се има јасна слика за децата кои се исчезнати.
Детската амбасада Меѓаши веќе неколку години наназад апелира за хармонизација и добивање на Европскиот број 116000 за заштита на исчезнати и киднапирани деца. Со добивањето и почнувањето со работа на овој број сметаме дека ќе бидеме уште подостапни за децата и родителите кои се соочуваат со ваков проблем. На ваков начин можеме уште поактивно да се вклучиме во постапките за заштита на деца од киндапирање и исчезнување, да бидеме во функција на преземање активности за пронаоѓање и враќање на исчезнати деца, намалување на сите облици на злоупотреба на деца и нивниот труд, како и активности со цел постојана заштита на правата на детето.
-
50:27
Sarah Westall
6 hours agoBig Banks Caught Rigging Market, IMF tells World to “Buckle Up” w/ Andy Schectman
32.2K9 -
13:54
Degenerate Jay
13 hours ago $0.91 earned5 Best Superhero Movies To Watch On Halloween
15.6K4 -
59:03
NAG Podcast
6 hours agoSarah Fields: BOLDTALK W/Angela Belcamino
25.5K6 -
1:21:41
Glenn Greenwald
9 hours agoGlenn Takes Your Questions: On the Argentina Bailout, Money in Politics, and More | SYSTEM UPDATE #541
82.8K39 -
3:10:08
Barry Cunningham
6 hours agoPRESIDENT TRUMP TO USE NUCLEAR OPTION? FOOD STAMPS END! | SHUTDOWN DAY 31
49.4K34 -
1:06:56
BonginoReport
14 hours agoThe Battle Between Good & Evil w/ Demonologist Rick Hansen - Hayley Caronia (Ep.168)
100K37 -
1:12:57
Kim Iversen
9 hours agoBill Gates Suddenly Says “Don’t Worry About Climate Change”?
90.5K62 -
1:05:12
Michael Franzese
9 hours agoI Waited 50 Years to Tell You What Happened on Halloween 1975
45.4K17 -
1:07:15
Candace Show Podcast
9 hours agoINFILTRATION: Charlie Kirk Was Being Tracked For Years. | Candace Ep 256
93.6K364 -
LIVE
Rallied
8 hours ago $3.11 earnedWarzone Solo Challenges then RedSec Domination
216 watching