Premium Only Content
Модули за мировно образование во средното образование, Изјава Драги Змијанац претседател на Меѓаши
Модули за мировно образование во средното образование
11.6.2024, Скопје
Денеска, 11 јуни 2024 година, се одржа промоција и конференција за медиуми на која беа промовирани Модули за мировно образование во средното образование. Станува збор за материјал е резултат на повеќегодишната работа на Детската амбасада МЕЃАШИ и бројни организации, институции и индивидуи, како дел од заложбите за градење на мирот, ненасилство и унапредување на процесот на учење за мир.
Модулите може да ги погледнете овде http://childrensembassy.org.mk/moduli-za-mirovno...
Промотор(к)ите истакнаа дека Мировното образование во Македонија е застапено во официјалниот курикулум во средното и основно образование, на различни начини и дека овој материјал е уште еден чекор кон унапредување на процесот на учење за мир, кој и досега се реализирал и не претендира да биде синтеза на сите досегашни напори. Тој е покана да се вклучат сите релевантни чинители кои се грижат за оваа проблематика и имаат што да кажат.
Заложбите на Детската амбасада Меѓаши се материјалот со понудените модули да се гледа како можен чекор напред кон воведување/реализирање на Мировното образование во наставните планови и програми или животот и работата на училиштата за средно образование.
Беше упатена благодарност кон сите кои на кој било начин придонеле за постоењето и развојот на Мировното образование и овие важни теми да продолжат да се развиваaт, прошируваaт и реализираат, да се вклучени и присутни во официјалните државни училишни курикулуми и институции.
Посебна благодарност беше упатена кон наставниот кадар (над 300 професорки и професори) активно вклучен во Програмата за мировно образование како и кон Министерството за образование и наука кое овозможи да се формира Координативно тело за мировно образование и кое даде значаен придонес кон создавањето и реализацијата на овие Модули. На промоцијата учество земаа и ученици кои учествувале на активности од оваа програма, споделувајќи искуства, предизвици и дилеми со кои се соочиле.
Во денешно време, кога светот се соочува со многубројни предизвици и конфликти, Мировното образование не само што ги поттикнува учениците да го разберат комплексниот карактер на конфликтите, туку и ги поттикнува да развиваат вештини за надминување на истите, способности за комуникација и меѓукултурно разбирање. Преку учењето за мир учениците стануваат свесни за вредностите на соработка и почит кон различностите. Мировното образование ги подготвува новите генерации да бидат активни граѓани/граѓанки, способни да придонесуваат кон изградбата на стабилно и мирно општество каде секој има право на образование и еднакви можности.
Што претставуваат модулите за Мировно образование?
Мировното образование е предизвик за кој најважен е начинот на кој се поучува, спроведува, односно, како, на кој начин, со кои форми и методи се обработува во воспитно‒образовниот систем. Мировното образование и воспитание може да се применува уште од мали возрасти, до зрели години, но овде акцентот е на образованието и воспитувањето за мир на средношколската младина. Тоа опфаќа широк спектар на подрачја, содржини и методи на поучување.
Мировното образование ги применува следните пристапи во учењето: Интерактивност, партиципативност, искуствено учење, хоризонталност, градење односи, вредносно ориентирана, љубопитност, развојност, дигитална писменост.
Материјалот нуди четири модули од областа на Мировното образование и тоа:
❖ Ненасилна комуникација
❖ Управување со конфликти
❖ Врсничка медијација и
❖ Ненасилство и насилство.
Модулите ќе се најдат во училишните и други средини со цел да дадат инспирација, поддршка, да понудат одредени содржински, методски инструкции на наставниците, стручните соработници и воспитувачите во ученичките домови.
Очекуван резултат е дека соодветната употреба на овој практичен материјал ќе доведе до подобрување на училишната клима, намалување на врсничкото насилство и конструктивно справување со него. Имено, актуелноста на темите предизвикани од современите потреби/опкружувањата на младите, наметнува итна интервенција со постојано јакнење на човечките капацитети во училиштето/ученичките домови, каде што учениците растат, учат, се развиваат во средина без насилство, притисоци, занемарување, заканување со цел обезбедување средина со мир, безбедност, среќа и радост за секој ученик.
Мировното образование како нов пристап може лесно да произведе контраефект доколку се наметне, пропише и се сфати како нова обврска. Треба да биде олеснување за наставниците да се справат со новите предизвици на воспитувањето и образованието, да отвори пат кон учениците кои сè помалку се заинтересирани за училиште кое им го нуди она што, според нивното мислење, е непотребно и лесно достапно преку интернет или, пак вештачката интелигенција која е на повидок.
Реализацијата на модулите бара вклучување на основните, средните и високо-образовните институции, владините тела, невладиниот сектор, родителите и другите засегнати страни кои се свесни за неопходноста од нови пристапи кон образованието во денешно време.
-
21:05
Stephen Gardner
1 hour ago🔥Trump Drops NIGHTMARE NEWS for Democrats!!!
7.16K36 -
1:09:36
Sean Unpaved
2 hours agoBrian Kelly's Boot From LSU, NFL Week 8 Snoozefest, & CFB's Week 9 Upset Rodeo
9.56K1 -
1:03:58
Timcast
2 hours agoTrump DEPLOYS Election Monitors To Blue States, Democrats SCREAM RIGGED ELECTION
155K108 -
2:07:27
Steven Crowder
5 hours agoWho Belongs: What the Future of the American Right Wing Looks Like
354K223 -
1:29:28
NAG Podcast
20 hours agoSay Something Beyond W/MikeMac: DARKSIDE - Ep.11
5.01K1 -
35:24
The Rubin Report
3 hours ago'Real Time' Crowd Goes Quiet as Bill Maher & Democrat Have a Tense Exchange About Zohran Mamdani
97K40 -
1:21:33
Rebel News
2 hours agoTrump says he can play dirty, Canada-US trade talks off, BC to launch anti-tariff ad | Rebel Roundup
14.9K6 -
2:26:58
Nikko Ortiz
4 hours agoValid Crashout's... |Rumble Live
13.8K3 -
LIVE
LFA TV
18 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | MONDAY 10/27/25
2,210 watching -
LIVE
StoneMountain64
2 hours agoBattlefield 6 Season 1 TOMORROW. Battle Royale? New Map + New Weapons!
117 watching