Обраќање на Атлантскиот совет во Вашингтон (20.02.2025)

11 months ago

На Атлантскиот совет во Вашингтон говорев за фрустрацијата на македонските граѓани којашто е огромна.

Во 2018 година, како опозиција, нè посетуваа високи претставници од ЕУ и светски лидери, уверувајќи нè дека со промена на името веднаш ќе станеме членка на НАТО и ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Ветуваа членство во рок од 4-5 години. Тие години поминаа, а ние сме на истото место како пред 20 години и покрај тоа што го сменивме знамето, Уставот и името.

Сега повторно се соочуваме со нови услови, што ја зголемува фрустрацијата кај граѓаните.

Loading comments...