Боже чувај не и помилуј

10 months ago
78

Боже чувај ги потомците наши
И помилувај ги нашите предци,
Смилуј се Боже над нас
Поданиците твои, ученици.

Прости ни ги гревовите наши
И гревовите на нашите предци,
Спомни ги Боже и помилуј
Слугите твои, борци.

Понизно те молиме Господи
Дај ни иднина светла,
Од патот твој да не одстапиме
И вечно да Те славиме.

Благодариме Боже за сета
Добрина со која не даруваш,
И уште ти се молиме
Вечно над нас да царуваш.

Предобар си Боже со нас
Пресветла е милоста Твоја,
Се што имаме на тебе ти должиме
Без Тебе пресветол ништо не можеме.

Loading 1 comment...