Македонија

10 months ago
82

Земјо наша со крв потопена,
Зeмјо наша, древна, исконска,
Земјо наша, родна татковино,
Најубава мајко, Македонијо!

Прекрасни се твоите планини,
Езера, шуми, реки, и падини,
Од Шара до Пирин и солунско поле,
Од Вруток по Вардар до Белото море!

Уште си мајко наша поделена,
Разграбена сета, со крв полеана,
Ти ветувам мајко, и ова ќе пројде,
Ќе огрее сонце, ново време ќе дојде!

Го молиме Господ, да исправи неправда,
Да ја добиеш и ти својата правда,
Да не си ни веќе разединета,
Да бидеш ти мајко обединета!

Loading 1 comment...