Ден посветен на партнерства и соработка! Мостови што не поврзуваат 🇲🇰🤝🇦🇪

9 months ago
37

Заедно со владина делегација, во рамки на посетата на ОАЕ, ја посетивме Стопанската комора на Шарџа и остваривме средба со нејзиниот претседател и раководството. Разговорот беше насочен кон продлабочување на економската соработка, размена на добри практики и можности за заеднички инвестиции.

Во продолжение на посетата, ја посетивме и Стопанската комора на Дубаи, каде што со раководството разговаравме за конкретни иницијативи за јакнење на трговските врски, технолошки развој и поддршка на претприемништвото.

Средбите отворија нови перспективи за бизнис заедницата и поттикнаа понатамошна билатерална соработка.

Loading comments...