Premium Only Content

Мирка Гинова | Mirka Ginova | Тихо Мирка си заспала | Tiho Mirka si zaspala | Песна за Мирка Гинова | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија
Тихо Мирка си заспала
во Почепските планини,
во Почепските планини,
таму долу во ливади.
Насред ноќи пристигнале,
втора чета комесари,
гласот Мирка им го слушна,
одма Мирка се разбуди.
Во зората пристигнале
клети шпиони фашисти,
местото го заградија,
жива Мирка фатија.
Жива Мирка ја фатија,
во град Воден ја носија,
тешко Мирка ја мачија,
жива во гроб ставија.
Мирка Гинова (Русилово, Воденско, 1916 - Ениџе Вардар, 27 јули 1946) — борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини.
Мирка Гинова (во грчка варијанта - Ирина Гинис) е родена во сиромашно семејство во Русилово, мало село во близината на Островско Езеро, Воденско. Основно училиште завршила во селото Катраница. По завршувањето на курсот за учители, Мирка подолг период се обидувала да се вработи, но фашистичкиот режим на Метаксас ја попречувал да најде вработување. Имено, во овој период, диктаторскиот режим со бруталност ги прогонувал Македонците, третирајќи ги како граѓани од втор ред и интернирајќи ги по пустите острови. Пред почетокот на Грчко-италијанската војна (29 октомври 1940 година), таа била назначена за учителка во едно село во Воденско.
Со почетокот на фашистичката окупација на Грција, уште повеќе се влошилa положбата на Македонците во Егејска Македонија. Како активист на ЕПОН, илегално делувала во воденските и мегленските села. Таа ги организирала македонските младинки и младинци кои ја помагале народно-ослободителната борба, регрутирала нови борци, а самата заминала во партизани во 1943 година, во околината на Кајмакчалан. Мирка Гинова била секретарка на Антифашистичкиот фронт на жените за Воденскиот округ.
По ослободувањето на Грција, новата власт започнала да ги прогонува членовите на отпорот. Членовите на ЕЛАС биле масовно апсени, затворани и подложени на невидена тортура, а особено македонското население во Егејска Македонија било подложено на репресалии. Во 1945 година, Мирка Гинова се приклучила на Тајната ослободителна македонска организација и при избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на Народноослободителниот фронт.
На 6 јули 1946 година, во местото Долга Ливада на планината Почеп, Мирка Гинова формирала мал партизански одред. Набрзо, во една акција на 400 грчки жандарми и војници, одредот бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и, со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат. Потоа, започнало ужасно мачење во кое Мирка Гинова била тепана со дрвени колци, кундаци и метална жица, под ноктите ѝ забивале шајки, а низ телото ѝ спроведувале струја. Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава. Потоа, Мирка Гинова и шесте нејзини другари биле спроведени во Ениџе-Вардар. На судењето кое се одржало во градското училиште на 25 јули 1946 година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Мирка Гинова била стрелана на 27 јули 1946 година. Иако свесна за последиците, пред судот во своја одбрана изјавила:
"Македонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”
Слична храброст, таа покажала и на самиот чин на стрелањето, кога не дозволила да ѝ ги врзат очите, а цело време ја пеела Интернационалата. Еден грчки војник, кој присуствувал на стрелањето, ги забележал последните мигови на Мирка Гинова. Во писмото испратено до нејзиниот татко, тој напишал: Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело, пеејќи и сите присутни се зачудивме. Во 5.30 ѝ се доближив и прашав дали сака нешто да им напишам на родителите. А таа ми рече: ‘Ако милувате, пишете му го на татко ми следното: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот‘. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност. А исто така и другите шестмина, но, повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравува еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка.
Нејзината храброст е опеана во народното творештво на Македонците од Егејска Македонија, како што се песните „Тихо Мирка си заспала“ и „Мирка на Гинови“. Денес во нејзина чест низ Македонија има институции, организации и улици со нејзиното име, а на градското шеталиште во Битола е поставена нејзина спомен-биста.
-
3:13
mkd cut
17 days agoАлександар Сариевски - Огин го гори Брезово | Aleksandar Sarievski - Ogin go gori Brezovo | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија
15 -
LIVE
Dr Disrespect
5 hours ago🔴LIVE - DR DISRESPECT - BATTLEFIELD 6 - JET CRASHES, EXPLOSIONS, 360 NO-SCOPES
1,922 watching -
LIVE
StoneMountain64
2 hours agoBattlefield 6 Flick Keybind is WILD
117 watching -
LIVE
The HotSeat
3 hours agoTrump "The Peacemaker", Unless You're Antifa!!! Part II
351 watching -
LIVE
Film Threat
1 day agoVERSUS: TRON: ARES VS. TRON LEGACY VS. TRON! BATTLE ON THE GRID! | Film Threat Versus
28 watching -
LIVE
The Nunn Report - w/ Dan Nunn
1 hour ago[Ep 768] Trump: The President of Peace | Schumer Looking Worse by the Day | Columbus Day
71 watching -
UPCOMING
Owen Shroyer
24 minutes agoOwen Report - 10-13-2025 - Senate Town Hall with Lindsey Graham Opponent Mark Lynch
-
2:50:34
Side Scrollers Podcast
4 hours agoTony Blair SHILLS For Digital ID + UK BLOCKS 4Chan + Hasan DogGate ESCALATES + More | Side Scrollers
24K7 -
1:01:37
DeVory Darkins
3 hours ago $26.37 earnedHostages released as Trump delivers historic speech... Portland descends into bizarre protest
94.4K74 -
LIVE
Jeff Ahern
1 hour agoMonday Madness with Jeff Ahern
182 watching