Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

5 months ago
2.7K

Мајстор Рашит речиси пет децении својата среќа ја наоѓа меѓу машините за шиење, ибришимите, кројачките ножици, метрото... Иако, официјално е пензионер, со мерак и полно срце продолжува да си работи во дуќанот, да ги услужува муштериите со насмевка и да си поприкаже со нив.

За тоа колку бил прочуен во својот занает зборува и фактот што во 1984 година премиерката на тогашна Југославија Милка Планинц и министерот за надворешни работи Милош Миниќ дошле кај него во Гостивар да сошијат одела за свеченото отворање на Олимпијадата во Сараево. Тоа беше „Made in Gostivar“ , се присети овој кројач со златни раце, кој за својот занает знае да каже дека е „сладок“ .

2025 © Gostivarpress.mk

Читајте нè на: https://gostivarpress.mk/

Следете нè на социјалните мрежи:
Facebook - / gostivarpress.mk
Telegram - https://t.me/gpress_telegram
Instagram - / gostivarpress.mk

Loading comments...