Страшо Глигоров - Борко " Фатен" во колото?

3 months ago
12

(Страшо Глигоров) Автор е на бројни стручни и научни трудови од областа на кинезиологијата, спортот и физичкото образование, учесник во неколку научни проекти од државен и меѓудржавен карактер, учесник на највисоки меѓународни семинари, симпозиуми и конференции. Како селектор-тренер на националната репрезентација во борење учествувал на Олимписките игри во Атина (2004) и повеќе светски и европски првенства, на кој има постигнати високи спортски резултати. Членува во врвни научни и професионални структури. Претседател на Македонската полициска спортска федерација “7ми Мај” (2005-2008), Претседател и член на Балканскиот полициски спортски сојуз (2005-2007, Член на извршниот комитет на Балканскиот полициски спортски сојуз (2007-2009, 2019-), член на Извршниот одбор на Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија, Спортски директор на Боречка федерација на С. Македонија (28.12.2016-11.02.2019). Добитник на бројни високи награди и признанија, кои добитник на Признание и Плакета за меѓународна афирмација на Министерството за внатрешни работи, Плакета за развој на спортот и помагање во работата на олимпизмот. Признание за долгогодишна соработка и објавени стручни и научни трудови во списанието “Физичка култура”, Признание за особен придонес во развојот на Полицискиот клуб за боречки спортови “7ми Мај-Тигар”, Плакета за даден придонес во развојот на спортското друштво “Вардар”, Плакета “13 Ноември” за најдобар тренер и многу други. Има објавено бројни стручни и научни трудови од областа на спортот и физичкото образоване, како и учествувано на највиски меѓународни семинари, симпозиуми и конференции. Еден од клучните личности, во основањето и развојот на Боречкиот клуб “Безбедност”, Полицискиот клуб за боречки спортови “7ми Мај-Тигар” и Полицискиот џудо клуб 7ми Мај-Тигар”.

Loading comments...