Premium Only Content
Габерот | Gaberot | Партизанска песна | Partizanska pesna | Брале ми се, се собрале | Brale mi se, se sobrale | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македониј
Брале ми се, се собрале,
седнати одбор Македонци,
Право ми тргаат Кожуф Планина,
Кожуф Планина, в' темни пештери.
Дур' ми стигнале, легнале,
дур' ми легнале, заспале,
сон ми сонува Габерот,
Габерот, Димче даскалот.
Црно ми го куче изело,
во левана страна, срцето,
во деснана нога, колено.
Мајко, јаска ќе си умрам
за наш'та Македонија.
Димката Ангелов Габерот е роден во текот на Првата светска војна во Ваташа на 17 октомври 1916 година како второ дете на Ленка и Ташо Ангелови. Основно образование завршил во родното место со одличен успех, па се запишува во први клас нижа гимназија во Кавадарци. Овде го завршил само третиот клас, бидејќи со Законот за заштита на државата биле затворени поголем број гимназии во Македонија, меѓу кои се наоѓала и гимназијата во Кавадарци. Четврти клас и мала матура завршува во Прилеп. Во октомври 1930 година со само 14 години заминува во Белград, каде се запишал на престижната учителска школа. Се стекнал со диплома на учител во Неготин Краина каде што ја завршил Учителската школа и положил голема матура. За време на летниот распуст често се дружел со Страшо Пинџур, а за ова нивно пријателство и дружење дознаваме од дневникот на Страшо Пинџур, каде Димката бил опишан како младинец со многу дарба. Во учителската школа доаѓа до израз неговиот бурен и револуционерен темперамент, не ја трпи неправдата, се буни и ги критикува неправедните постапки на неговите професори. Тој во слободно време многу чита, а негови омилени писатели се: Достоевски, Тургењев, Пушкин, Синклер и други.
Неговата љубов кон пишаниот збор го тера заедно со група негови истомисленици да го основаат првото читалиште библиотека во Кавадарци во 1935 година. Неговиот прв јавен испад се случува на плоштадот во Кавадарци во 1936 година, каде пред народот ја напаѓа експлоататорската политика на владата на Милан Стојадиновиќ пред министерот за социјална политика и народно здравје Драгиша Цветковиќ. Бидејќи бил противник на владата Димката долго време останува без работа. Во пролетта 1937 година е обвинет дека е комунист и е уапсен заедно со поголема група напредни луѓе и одлежува три месеци затвор во Велес. Димката добива работа како учител во село Дабниште во септември 1937 година. Тоа траело кратко, бидејќи во март 1938 година заминува во Винковци на отслужување на воениот рок. Во војската секогаш ги заштитува послабите и угнетувани војници, па затоа бил почитуван од своите другари.
По враќањето од Винковци се вклучува во предизборната кампања за Парламентарните избори во групата со Страшо Пинџур, Тошо Велков Пепето, Илија Чулев, Васил Димитров и други. Тие победиле на изборите, а д-р Илија Чулев бил избран за народен пратеник во Собранието на Југославија. Димката имал дарба за уметност. Тој многу убаво свирел на виолина, бил извонреден танцувач, а имал и афинитет за глума.
По иницијатива на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци, во средината на мај 1941 година, создаден е Воен комитет во кој Димката е избран за негов член заедно со Перо Угуров, Пано Чејков и Киро Спанџов. Основна задача на овој комитет е прибирање на оружје, муниција и воен материјал, останат по капитулацијата на Југословенската војска, како и организирање обука со младинците од градот и селата за ракување и одржување на оружјето.
Од мај 1942 година до мај 1943 година тој е во илегалство. Како илегалец е доста активен, присуствува на состаноците на Воениот и Месниот комитет, а често оди на терен во селата Бегниште, Ресава, Гарниково и други, испитувајќи го теренот и барајќи погодни места кои подоцна ќе послужат како бази за идните партизански одреди. Во април 1943 година Димката Ангелов е избран за политички комесар на Штабот на Третата оперативна зона, кој во исто време беше и штаб на партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Како политички комесар на зоната, Димката присуствува и го координира формирањето на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“ во падините на планината Кожуф. Како борец Димката се одликува со неизмерна храброст и решителност, а кога било најпотребно знаел да ги мотивира послабите. Долго време жителите од селата во Тиквешијата, во кои одредот имаше успешни акции, се сеќаваат на неговите пламени говори со кои го пленуваше населението.
Иако тешко болен во придружба на своите соборци Ило Виларов-Сокол, Јован Радњански-Планински, Пано Мударов-Фрањо и активистот од село Галиште Стојан Крстев, се упатуваат кон логорот на одредот во месноста „Вишешница“. На патот кон логорот на месноста „Торкови Лаки“, групата наидува на непријателска заседа организирана од страна на бугарскиот фашистички окупатор. И покрај тоа што партизанската група се нашла во безизлезна состојба, Димката до крај остана доследен на своите убедувања да не потклекне пред тешкотиите. Ја прифатил борбата иако е тешко ранет од првиот плотун на непријателските куршуми. Загинал на 10 јуни 1943 година заедно со Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев.
-
6:12
mkd cut
5 days agoВаска Илиева - Заплакало е Мариово | Vaska Ilieva - Zaplakalo e Mariovo | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија
3 -
59:48
BonginoReport
3 hours agoDid Ilhan Omar Stage Her “Attack"? Trump Thinks So - Nightly Scroll w/ Hayley Caronia (Ep.223)
41.3K33 -
1:05:23
TheCrucible
3 hours agoThe Extravaganza! EP: 88 with guest co-host Rob Noerr (01/28/26)
94.3K1 -
1:13:57
Kim Iversen
3 hours agoDeath Threats, Trump and The Epstein Files | MTG Speaks Out
17K60 -
5:58
Buddy Brown
7 hours ago $0.40 earnedWhat Happens When You CHECK on Your Neighbors! (WATCH!) | Buddy Brown
7826 -
LIVE
Badlands Media
18 hours agoMAHA Living Ep 2. - Dangers of EMF Radiation & How to Un-EMF Yourself
851 watching -
LIVE
Quite Frankly
5 hours agoIlhan Omar Salad Dressing ATTACK, Nihilist Penguin, and MORE | Chrissie Mayr 1/28/26
537 watching -
LIVE
The Mike Schwartz Show
5 hours agoTHE MIKE SCHWARTZ SHOW Evening Edition 01-28-2026
96 watching -
1:32:09
Redacted News
3 hours ago"Time is running out! We will ATTACK!" Trump readies war with Iran sends full armada | Redacted News
144K83 -
DVR
Robert Gouveia
3 hours ago'Banana-Rice' Somali Arrested!! Insurrection Act Pressure! Fulton County Raided!
31.5K19