Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер!

4 months ago
11

Стигнавме до големото финале во ЛШ! Финале кој можеби никој не го очекуваше, но ако погледнеме све што се случуваше сезонава, финале кое е сосема заслужено, ПСЖ – Интер.

Ова ќе биде прва средба во Лигата на шампионите помеѓу овие клубови и само второ финале помеѓу екипи од Франција и Италија по финалето во 1993, кога Марсеј го победи Милан со 1:0 и што е најинтеренсо и тој натпревар се одигра во Минхен.

Париз имаше турбулентно патување во првата фаза од лигата. По несигурниот почеток, тие се вратија и ги добија последните три натпревари од групната фаза за да го обезбедат 15-то место. Победата од вкупни 10:0 во плејофот од нокаут фазата над домашниот ривал Брест беше почеток на нивниот поход. Оттаму, тимот на Луис Енрике елиминираше три англиски екипи и тоа прво Ливерпул, а потоа ги победи Астон Вила и Арсенал.

Интер, беше меѓу најпостојаните тимови во фазата од лигата, завршувајќи четврти со само еден пораз. Во нокаут фазата, момците на Симоне Инзаги лесно го победија Феенорд, го победија Баерн Минхен, а потоа ја победија Барселона со вкупен резултат 7:6.

Loading comments...