Време е за спектакл: Македонија - Белгија!

4 months ago
9

Време е за спектакл! Игра Македонија. Фудбалска репрезентација во петок во Скопје го игра еден од најважните натпревари во овие квалификации, дуелот против најголемиот фаворит за првото место во групата за пласман на СП - Белгија.

За разлика од Белгија за кого ова е прв натпревар во квалификациите, ние веќе имаме одиграно два натпревари, откако го победивме Лихтенштајн и одигравме нерешено со Велс. Е тоа реми со Велс, ако беше победа ќе беше многу подруго ... а требаше да биде. Миовски гол во 91-ва, и кога сите мислевме дека тоа е тоа, Брукс израмни во 96-та.
Пазете го податоков - немаме загубено официјален натпревар уште од поразот со 5:2 од Италија во квалификациите за ЕУРО 2024 во ноември 2023 година.

Белгија - не е Белгија тоа што беше. Откако не успеаја да го поминат осминафиналето на Европското првенство, „Црвените ѓаволи“ завршија на предпоследното место во групата во Лигата на Нации. Следеше промена на селекторот, а Гарсија го започна својот мандат со пораз од 3:1 во плејофот против Украина. Сепак, Белгија победи 3:0 во реваншот и остана во Лигата А во Лигата на нации.

Реално „Црвените ѓаволи“ се фаворити за освојување на квалификациската група во која се наоѓаат Македонија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Но, дечки Белгија се мачи на гостувањата. Последната гостинска победа им е во Октомври 2023 година против Австрија. Од тогаш имаат четири нерешени и четири порази. Единствениот проблем во Белгија е повредата на Тибо Куртоу кој ќе го пропушти овој меч, ама тука ќе биде Селс од Нитингем кој имаше страшна сезона во Премиер Лигата.
Со Селс на голот, Муниер, Фаес, Дебаст и Де Кујпер во одбраната, во средина Де Брујн, Онана, Тилеманс, крила Тросард и Доку и во нападот Лукако, ќе ни биде тешко.

Јас со 1:1 ќе бидам задоволен, за вас не знам. Да освоиме бод сега, па во понеделник три бода во Казакстан и после шансите за СП ќе бидат многу пореални. Ама прво нека помине Белгија.

Loading comments...