Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство!

4 months ago
7

Доаѓа лето, одмори, ама ова лето нема да биде како другите. Што е следно! Светското клубско првенство! Овој пат тотално нов изглед, повеќе екипи, повеќе натпревари, и – да, повеќе драма! Денес ќе ви објаснам како ќе изгледа новиот формат, и ќе ви кажам кои се моите фаворити – и за титула и за изненадување!“

„ФИФА го организира ова првенство од 2000 година, а идејата е јасна: најдобрите клубови од сите континенти да се борат за титула светски шампион. Досега беше со 7 екипи, кратко траеше, и речиси секогаш го освојуваше тим од Европа.“

Од оваа година, Светското клубско првенство станува турнир со 32 екипи, слично како Светското за репрезентации. Ќе се игра секои 4 години, а не секоја година.

✅ Формат:
• 32 екипи, 8 групи по 4 тима: УЕФА (Европа): 12 тима, КОНМЕБОЛ (Јужна Америка): 6 тима, КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка, Кариби): 4 тима, КАФ (Африка): 4 тима, АФЦ (Азија): 4 тима, ОФК (Океанија): 1 тим
• Првите 2 од секоја група одат во елиминации
• Вкупно 7 натпревари за титула (ако стигнеш до крај)
✅ Кога и Каде?
Првиот ваков турнир ќе се игра во САД, од 14 Јуни до 13 Јули.

Еј, ова нема да биде класичен турнир – ова ќе биде лудило!
Пишете ми во коментар:
👉 Кој е вашиот фаворит на Светското клубско првенство?
Ако ви се допадна видеово – стиснете лајк, сабскрајб и следете не, следуваат уште видеа.

Loading comments...