Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!?

3 months ago
25

Одморите само што започнаа, ама со тоа започнуваат и обврските на македонските фудбалски екипи во Европа. Вардар, Силекс и Работнички во Конференциската лига и Шкендија во ЛШ. Сите наши екипи се аутсајдери според жребот, ама тоа е само на хартија. Мене ми изгледа на интересно европско лето за македонските екипи.

Први играат Шкендија, актуелниот шампион кој игра во квалификациите на ЛШ. Шкендија веќе е во Велс, каде во вторник од 20:00 часот е закажан стартот на првиот меч со ТНС. Во 2018 година Шкендија во Скопје победи со 5:0, додека во Велс, домаќинот победи со 4:0. Играат класичен островски фудбал и мислам дека квалитетот е на страната на Шкендија.

Вардар! Големо враќање на европската сцена. И може да се каже дека Вардар имаше најголема среќа во жребот. Добија Ла Фиорита од Сан Марино. Прв меч во Скопје, 10-ти јули, 20:30. Вардар одигра силни натпревари, донесе добри засилувања и мислам дека работата ќе ја заврши уште на првиот меч. Билетите веќе се пуштени во продажба – јужна трибина 300 ден, западна 100 ден.

Работнички игра против Торпедо Белаз. Првиот меч се игра на неутрален терен во Унгарија. Белорусите се во натпреварувачки ритам, а Торпедо има шест победи по ред. Работнички остана без неколку првотимци, но мотив е тоа што следен противник е Макаби Хаифа.

Силекс гостува на првиот меч кај Дечич во Црна Гора. Тука негде се според квалитетот и двете екипи, ама се мислам дека Силекс ќе помине натаму. Останаа без Марко Ѓорѓиевски, ама го донесоа Мирчевски. Дечич направи тренерска смена неколку дена пред мечот, па Силекс има добра шанса. Победникот оди на Рапид Виена.

Тоа е тоа. Време е за малку подолго европско лето!

Loading 1 comment...