Premium Only Content
Меѓаши го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село
Меѓаши го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село
10.07.2025 ТВ Телма
Осуда за насилството врз дете , но и за објавеното видео на социјалните мрежи. Ова е реакцијата од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, откако на социјалните мрежи се споделува видео, на кое се гледа и слуша мало девојче, кое е врзано за вратот и рацете со јаже и така виси , како вид казна за наводно украдени пари од маалски дуќан.
На видеото се слуша глас на возрасен човек кој го испрашува зошто ги украло парите, а девојчето одговара за да јаде и дека веќе нема да краде. Потоа тоа вика и плаче за да го ослободи возрасниот, а тој продолжува да го снима и испрашува. Од Детската амбасада Меѓаши велат дека случајот е пријавен и кај нив.
Начинот на кој што е казнето детето навистина го осудуваме бидејќи важно е да се научи детето на морални вредности. Меѓутоа , начинот навистина не е во ред. Подобро би било доколку се дејствува на ненасилен начин и да не се сподели такво видео во јавноста. Второ, да замаглен е ликот,меѓутоа исто така се слуша гласот на девојчето . Самото тоа поради тоа што е мала средина може да предизвика да се препознае лесно. Така што , доколку се постира видеото , убаво е гласот да не се распознава во самото видео, вели Мила Дамјановска, операторка на линијата „ Ало Бушавко“ во Детската амбасада Меѓаши.
Споделувањето на видеото предизвикува повторна виктимизација на детето, што може да има долгорочни психолошки последици врз него. Од Меѓаши разбираат дека со објавувањето се постигнува јавен притисок за да не се повторуваат ваквите случаи , но велат дека е подобро да се пријавуваат во МВР или кај нив на телефонската линија „ Ало Бушавко“.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека струмичката полиција до ОЈО -Струмица поднела кривична пријава против лицето со иницијали З.Ч. на 57 години, од струмичко Ново Село, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „ насилство врз дете“, врз неговата 11 годишна ќерка. Девојчето било прегледано од лекар во струмичката болница и биле констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце , кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Струмица, додаваат од МВР.
Телма се обрати и до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, но тие не препратија до Министерството за социјална политика, демографија и млади. А, од таму го осудуваат секој атак на детското достоинство и велат дека ниту едно дете во државата не смее да страда и да му бидат газени правата. На детето му е пружена психосоцијална поддршка, и тоа е згрижено од страна на стручните служби. Во тек е инспекциски надзор од страна на служби при Министерството, со цел да се утврди фактичката состојба за конкретниот случај, дополнуваат од ресорот.
-
8:19
Hollywood Exposed
5 hours agoBill Maher Destroys AOC And Bernie Over Their Socialist Agenda
3.78K4 -
LIVE
DLDAfterDark
2 hours ago $0.67 earnedClash Of Conservatives! Dan Crenshaw Vs. Shawn Ryan - Who's Side Are You On? Why? And Gun Talk
187 watching -
2:31:09
Quite Frankly
5 hours agoSaturday Night Christmas Lounge | Quite Frankly
81.2K14 -
41:27
The Why Files
10 days agoThey Walk Among Us | The Human-Alien Hybrid Program
79.6K67 -
3:54:54
SavageJayGatsby
6 hours ago🔥 Spicy Saturday with Friends 🔥
54.7K3 -
LIVE
FayLee1369
2 hours agoBaldur's Gate 3
45 watching -
LIVE
GritsGG
8 hours ago#1 Warzone Victory Leaderboard! 203+ Ws !
237 watching -
58:34
OFFICIAL Jovan Hutton Pulitzer Rumble
4 hours agoThe $97.5 BILLION Gold Heist! The History Lesson They Never Taught, BUT HISTORY ALWASY REPEATES!
21.5K3 -
LIVE
CAMELOT331
3 hours agoCAMELCAST 112 W/PDH | THATSTARWARSGIRL | Brown University Updates, AI, & moar
115 watching -
LIVE
SlingerGames
4 hours agoSCP Community Night 2! All Rumblers are welcome to join! | 349/400 Followers
21 watching