Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко!

2 months ago
6

Како ме демантираа нашиве екипи во Европа, страшна работа. Ама не сите, Вардар растури, Шкендија добра. Време е за реваншите. Три екипи играат дома, една екипа гостува.

И да почнеме со оној прв меч неделава. Вторник, 20:00 часот, Шкендија – ТНС.
Во Велс беше 0:0, што секако е добар резултат за Шкендија. Иако можеше Шкендија да ја заврши работата и на првиот меч. Ама можеше и да загуби да не беше Гаје на голот. Е сега на домашен терен Шкендија е фаворит. Влогот е голем, милионски и тука мора да се тепа.
Ако тепа Шкендија, во 2.квалификациско коло најверојатно ќе игра со Стеауа од Романија. Па дури и ако Шкендија биде поразена на тој двомеч, тогаш ќе се пресели во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. И ако таму биде елиминирана, тогаш ќе игра во плеј – офот во Лигата на Конференции.
Ова значи дека ако Шкендија го мине ТНС ќе игра најмалку во плеј – офот во ЛК и ќе заработи ова лето најмалку 2 милиони евра. Затоа викам, влогот е милионски. И да веројатно Шкендија ќе тепа.

Одиме со Вардар, единствениот тим кој што го обели образот на македонските екипи на првите натпревари. Си ја завршија работата со Ла Фиорита од Сан Марино уште на првиот меч и тепаа 3:0. Можеа да победат и поубедливо, ама и вака е добро. Сега во Сан Марино ќе се оди туристички, само по заврка на пласманот во следното коло. А таму, ќека сериозна екипа ... Лозана од Швајцарија. Да не збориме пред време, а тоа ќе биде јак натпревар, иако огромен фаворит ќе биде тимот од Швајцарија.

Работнички е најголемото разочарување. Пораз на неутрален терен во Унгарија од Белорускиот Торпедо со 3:0. И толку од Работнички во Европа за оваа сезона. Не само што загубија, туку беа и тотално надиграни од белорусите. Сега во Скопје, на нивна страна ќе биде само жешкото време, ама тоа нема да биде доволно за пресврт.

Пораз доживеа и Силекс кај Дечич со 2:0. Црвен картон за најголемото засилување Мирчевски и пораз. Сега ќе мора без него и во Скопје, така да тешко дека Силекс ќе може до следно коло, иако реално Дечич со ништо не покажа дека е поквалитетна екипа.

Следете ги нашите екипи, поддржете ги, одете на стадион. Следете не и нас и притиснете Subscribe на YouTube каналот BMG Network. А ние се гледаме за брзо. Поздрав!

Loading 1 comment...