Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!?

2 months ago
22

Се враќа ПМФЛ – со нова сезона, нови драми, нови засилувања … и конечно – ВАР! По сите нефудбалски работи минатата сезона, играм – не играм и така натаму, сезонава би требало да помине многу подобро, иако уште пред стартот има некои проблеми. Ама за тоа подоцна.

Прв пат Првата лига ќе се игра во три-четири дена. Секој ден по еден-два натпревари!
Дали Шкендија ќе ја одбрани титулата? Дали Вардар е кадарен да биде Шампион? Ќе следиме ли борба до последно коло? Или ќе имаме нов шампион од сенка?

Има многу прашања пред почетокот на сезоната, ама она главното е дека сезонава ќе имаме ВАР.
Во ФФМ и официјално беа промовирани сите информации за ВАР-системот кој за првпат во историјата на македонскиот фудбал ќе почне да се применува во новата сезона. Не дека ќе нема проблеми, пак ќе има некој што ќе се буни, ама барем нема да биде како до сега.
И тука настанува првиот проблем: Стадионот во Чаир на Шкупи не ги исполнува условите за ВАР, иако им било обезбедено се. Затоа Шкупи ќе мора да игра на друго место.

Кој се фаворити?
Шкендија, Струга Трим Лум, Вардар и Силекс, барем според мене. Шампионот има одличен тим, играат добро во Европа, си обезбедија фудбалска есен и станаа само вториот тим од Македонија после Вардар на кого му успеало тоа. Ама тоа може да биде и проблем за нив.

Струга според квалитет веројатно е број еден тим. Имаат осум нови фудбалери, ги имаат најдобрите од минатата сезона и мислам дека ќе бидат во Топ 3, а можеби и шампиони.

Силекс! Васовски знае што прави. Немаа среќа во Европа, ама имаат доста цврст тим. Немаат тим за титула, ама имаат тим за Европа. Екипа која може да ги помати сметките на овие четири е Тиквеш кој може да биде изненадување.

Останатите се тука некаде според квалитетот, па дури и новите прволигаши Башкими и Арсими кој одлично се засилија.

Прво коло: Петок – две дербија: Шкендија – Шкупи и македонското Ел Класико, Вардар – Пелистер. Сабота: Башкими – Арсими и Струга – Македонија ЃП. Недела: Тиквеш – Работнички и понеделник: Силекс – Брера.

Баш ме интересира како ќе помине првото коло со ВАР технологија. Ќе видиме за тоа во следното видео.

https://www.instagram.com/overtimewithtj/
https://www.instagram.com/sportski.mk/
https://www.tiktok.com/@overtimewithtj

Loading 1 comment...