Радар: Испитување на јавното мислење

5 months ago

Анкета на Радар: Над 90% од граѓаните бараат построга контрола врз клубовите и јавните простори по Кочанската трагедија

Речиси сите граѓани на Македонија се запознаени со трагедијата во ноќниот клуб „Pulse“ во Кочани од 16 март годинава, кога животите ги загубија десетици млади лица, а голем број беа повредени. Ова го покажува телефонско истражување спроведено од 18 до 21 август 2025 година во рамките на платформата „ОМНИБУС“ на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници ширум земјата.

Според наодите, над 90% од граѓаните детално се информирани за настанот, главно преку традиционалните медиуми и социјалните мрежи. Повеќе од половината ја оцениле првичната институционална реакција како „добра“, а сопственикот на клубот се перцепира како главен одговорен за трагедијата.

Иако најголем дел од јавноста смета дека настанот не бил суштински политизиран, дел од анкетираните сепак забележуваат обиди за партиска инструментализација.

Граѓаните испратиле јасна порака за потребата од одговорност и системски промени:

Над 50% очекуваат виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.

Над 90% бараат засилена контрола врз угостителските објекти и јавните простори.

39% изјавиле дека нивната доверба во институциите се зголемила по трагедијата, а 41% веруваат дека државата ќе преземе суштински чекори за спречување на слични несреќи во иднина.

Заклучокот од истражувањето е дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресла јавноста, но истовремено создала основа за поголема институционална одговорност и граѓански оптимизам дека ќе следат реформи во областа на јавната безбедност.

Меѓу препораките произлезени од анкетата се: редовни инспекции и ажурирани стандарди за безбедност во угостителските објекти, јавност и транспарентност во истрагата, брзи интервенциски протоколи во кризни ситуации, избегнување на политизација на вакви трагедии и јавна едукација за безбедносни ризици.

Loading comments...