Милошоски: Парадоксот на Венко, предлага ,,црвени линии“

28 days ago
9

Денес темата на оваа прес-конференција е ставот на Венко Филипче, претседателот на СДСМ за францускиот предлог и за резолуцијата која што тој ја нуди, со наводно патриотски црвени линии.

Првата констатација е дека Венко Филипче ја менува својата политика и позиции во зависност од потребите на својот финансиски и политички ментор, Зоран Заев, а се во нивен заеднички интерес да се задржат на чело на СДСМ.

На прес-конференција на 1 октомври 2024 година, Венко Филипче изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија. Парадоксот е толку голем, што денес една година потоа, Филипче изјавува дека се потребни црвени линии и резолуција за заштита од оваа негова во наводници прогласена дипломатска победа.

Дали Венко Филипче лажеше 2024 година кога кажа дека дипломатијата победила со прифаќањето на францускиот предлог или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии за заштита од истиот француски предлог којшто е целосно во корист на источниот сосед.

Почитувани граѓани,

Венко Филипче не знае да изгради ниту автопат, ниту клинички центар, но е многу способен, заедно со неговиот гуру Зоран Заев, да стави потпис и печат на секој иден документ, којшто дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите кои што ги прифати во корист на соседна Софија.

Затоа сметаме дека ваквите изјави и изменети ставови на Филипче, не се порака до македонските граѓани, туку се порака до соседна Бугарија, бидејќи Венко Филипче се надева дека источниот сосед или некој меѓународен актер ќе му помогне да дојде на власт, или барем да ја задржи водечката позиција во СДСМ, бидејќи знае дека нема поддршка од македонските граѓани, а нема поддршка ниту од најголемиот дел од симпатизерите или членовите на СДСМ.

Пораките на Венко Филипче се само говор којшто тој го чита од она што му го има напишано Зоран Заев. Пораките на Венко Филипче за францускиот предлог се некредибилни и внесуваат дополнителна конфузија во македонските позиции, го отежнуваат она што се обидува да го поправи министерот за надворешни и македонската дипломатија и само воведуваат уште еден дополнителен комплексен пристап во ова прашање од кое што корист има соседна Софија.

Loading comments...