Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во СДС

1 month ago
1

Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини.

СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче.

Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар?

Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија.

Почитувани,

Од сите страни се бараат реформи во СДС, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихачка, а само нему таа реалност не му одговара.

Венко Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДС до ниво на статистичка грешка.

Им порачуваме на СДС да си преземат иницијатива за итни реформи, на Македонија и треба силна опозиција.

Loading comments...