Лефков: Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти

6 days ago
1

Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани.

Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали.

Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти.

На оваа тема се гледа лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката наложено од неговиот ментор Зоран Заев.

Јасно е дека мигранти нема да има, но Филипче најави протести, измисли декларација и вештачка тема.

И додека го прави тоа, целата јавност мора да знае дека Венко Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци.

Значи, единствениот актуелен политичар кој работел на населување мигранти во Македонија е Венко Филипче.

Венко Филипче, активно како министер во Владата на Заев, во 2018 година учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.

Имено, во „Службен весник на Република Македонија“, на ден 26.01.2018 година, број 16, страна 189, точка 1.6, стои, цитирам:

„Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

Ова е поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце.

Овие мигранти кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија.

Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти. И овој документ којшто само што го покажавме, е доказ за тоа.

Сè додека Филипче е во опозиција, во Македонија мигранти нема да има.

Loading comments...