Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?

1 month ago
14

Скопје – повторно меѓу најзагадените градови во Европа. И секоја зима си мислиме дека проблемот е само сезонски. Но вистината е поинаква.

Знаеме ли што всушност дишеме? PM честички. PM 10… PM 2.5… Невидливи за окото. Доволно мали за да навлезат длабоко во телото.

Во новата епизода на Уште еден поткаст разговараме со Ели Пешева, еден од основачите на O2 Иницијатива – организација која со години се бори за чист воздух и животна средина.

Зборуваме отворено за тоа што го загадува воздухот во Скопје. Не се само временските услови, не е само сообраќајот. Индустријата, фабрики и капацитети што испуштаат штетни гасови, затоплувањето на домови со дрва и секако урбанизацијата.

Но ова не е разговор што завршува со кренати раце. Зборуваме и за решенија.

- Како да го намалиме загадувањето?

Проблемот е голем, но со заедничка акција, свест и упорност, можеме да го менуваме.
Не ја пропуштајте новата епизода на Уште еден поткаст во понеделник во 20:00часот на YouTube каналот BMG Network.

Loading comments...