До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст

1 month ago
30

Скопје – повторно меѓу најзагадените градови во Европа. И секоја зима си мислиме дека проблемот е само сезонски. Но вистината е поинаква.

Знаеме ли што всушност дишеме? PM честички. PM 10… PM 2.5… Невидливи за окото. Доволно мали за да навлезат длабоко во телото.

Во новата епизода на Уште еден поткаст разговараме со Ели Пешева, еден од основачите на O2 Иницијатива – организација која со години се бори за чист воздух и животна средина.

Зборуваме отворено за тоа што го загадува воздухот во Скопје. Не се само временските услови, не е само сообраќајот. Индустријата, фабрики и капацитети што испуштаат штетни гасови, затоплувањето на домови со дрва и секако урбанизацијата.

Но ова не е разговор што завршува со кренати раце. Зборуваме и за решенија.

- Како да го намалиме загадувањето?

Проблемот е голем, но со заедничка акција, свест и упорност, можеме многу да промениме.

00:00 Интро
02:21 Ели Пешева: Луѓето заминуваат поради лошиот квалитет на живот
04:37 Како се менува свесноста кај луѓето низ годините
05:39 Загадениот воздух – проблем присутен во текот на целата година
08:51 Што дишеме и зошто тоа е опасно
10:59 Колкава е свесноста кај граѓаните
11:48 Затоплувањето на домовите како фактор за загадување
13:11 Старите методи за затоплување сè уште се користат
14:34 Зошто е тешко политичарите да направат промени
15:20 Преголем број стари возила на улиците
17:05 Секое возило да има ознака кога смее да се користи
18:33 Јавниот превоз мора да функционира за да се користи
19:17 Индустриите како значајни загадувачи на воздухот
22:00 Дали мерните станици ги даваат точните податоци
24:21 Колкав е уделот на индустриите во загадувањето
26:15 Главен проблем – неспроведување на законите
28:37 Казните како начин за поголемо почитување на правилата
30:30 Одговорност наместо привилегии кај надлежните институции
33:00 Како урбанизацијата влијае врз загадувањето на воздухот
37:29 Што може да направи еден обичен граѓанин
40:47 Пријавување на секој проблем во секојдневието
42:27 О2 Иницијатива – граѓански активизам за чист воздух
46:04 Што би направила доколку има целосна моќ за промена
47:10 Буџетот за животна средина се намалува секоја година
48:58 За колку време реално може да се реши проблемот
50:26 Како географската положба влијае врз загадувањето
52:01 Што ја мотивираше да започне борба за чист воздух
54:36 Следните чекори на О2 Иницијатива
56:36 Македонија меѓу земјите со најмногу пушачи
01:01:53 Колку загадениот воздух ни го скратува животот
01:02:36 Reality Check
01:05:30 Мит или вистина
01:10:56 Порака за гледачите

https://www.instagram.com/usteedenpodcast/
https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817
https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=en
https://open.spotify.com/user/313emgo...

Loading comments...