Беседа - LIX - За Волјата

2 days ago
5

Во педесет и деветтата епизода на Беседа зборуваме за волјата како способност да се остане верен на одлуката кога чувството исчезнува и кога патот станува тежок.

Волјата значи издржливост и истрајност: способност да се продолжи и тогаш кога нема награда, аплауз или веднаш видлив резултат. Психолошки гледано волјата се појавува како внатрешен судир меѓу моменталната удобност и долгорочната смисла. Тука станува јасно дека волјата не го укинува нагонoт да се избегне болката, туку одбива да му дозволи да управува со животот. Волјата се чита преку верноста кон дадениот збор. Преку тивки, повторливи дела особено тогаш кога никој не гледа.

Во духовната перспектива, волјата престанува да биде наметнување и се претвора во служење. Таа прифаќа да ја носи тежината што смислата ја бара. Колку е подлабока смислата, толку волјата е постабилна и помалку насилна кон себеси и другите.

На надконцептуално ниво, волјата веќе не се доживува како напор. Исчезнува чувството „јас морам“ и „јас сакам“, а останува дејствување без внатрешен отпор – природна нужност, усогласеност меѓу она што е потребно и она што се прави. Тука волјата едноставно се случува.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: [email protected]

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...